• Димитрије Чуповски 1A/3 1000 Скопје

ЗА КОМПАНИЈАТА

АЛФА Инжинеринг, ДООЕЛ. Радовиш, како дел од своето работење го опфака и сервисирањето на пумпи од програмата на Grundfos. Алфа Инжинеринг континирано работи на развојот и унапредувањето на сервисот со примена на строгите стандарди за квалитетот на услугите кои ги наметнува реномираниот производител. Денес можеме да се пофалиме дека Алфа Инжинеринг како Овластен Сервисен Парнер на Grundfos во потполност може да одговори на сите задачи околу сервисирањето и одржувањето на широката гама на пумпи која се пласира на пазарот.

Поседуваме специјализирана опрема за поправка, одржување и подесување на производите од гамата на Grundfos, испитна станица за проверка на параметрите на пумпата по извршената поправка на пумата, специјализирани возила и обучени техничари за работа на терен.

Како дел од грижата за нашите корисници нудиме помош од самиот почеток за избор на соодветна пумпа со соодветни карактеристики за потребите на корисникот, монтирање и пуштање во работа на пумпи и апликации, подесување на параметри и заштита на електронските пумпи и опрема. За нашите клиенти имаме отворена телефонска линија 24/7 и дежурен сервисер за пријава на дефект или било каква друга помош на нашите клиенти, како и он-лајн барање на за сервис.

ЛИЦЕНЦА А

Read more

ЛИЦЕНЦА Б

Read more

ЛИЦЕНЦА Ц

Read more

ИСТОРИЈАТ НА КОМПАНИЈАТА

Компанијата АЛФА Инжинеринг е основана во 2000 та година во Радовиш од страна на сопственикот г-дин Ристов Ацо, д.е.и. кој согледувајки го недостатокот на компанија од таков вид во Радовишкиот регион, ја основа компанијата првенствено замислена да делува на полето на индустриската електрика и автоматика, односно изведба на инсталации и опрема за контрола и автоматско управување на индустиски процеси. Како и инсталации на пумпи и пумпни станици за водоснабдување од поголем капацитет со целокупниот потребен градежен , механички и автоматско-електрички дел.

Со време АЛФА Инжинеринг се развива и опремува инфраструктурно и оперативно и започнува со целосна изведба на инфраструктурни објекти, односно објекти за снабдување со вода за пиење и технолошка вода. Изведба на цевоводи и пумпни станици, до изведба на целосно заокружени системи со објекти за третман и филтрирање на вода за пиење и системи за пречистување на отпадни води. Исто така паралелно со оваа област на делување АЛФА Инжинеринг успешно изведува и објекти од енергетиката, посебно на полето на изведба на дистрибутивни енергетски водови и автоматско контролни системи за контрола и атоматско водење на повеке видови процеси во индустријата, рударството и осветлувањето.

После десет години поминати во изведба на објекти од овие две области, настапуваме со целосна спремност за целокупно менаџирање и изведба на секој вид објект од полето на ифраструктурата.

Во своето десетгодишно постоење АЛФА Инжинеринг постојано и систематски се надополнува како инфраструктурно и оперативно , така и со квалитетен стручен и квалификуван, инжинерско технички кадар.

Така да денес АЛФА Инжинеринг претставува компанија која е подготвена за моментална мобилизација и решавање на секој изведбен , технички и инжинерско проектен проблем зададен од страна на нејзините клиенти.

ПОЛИТИКА НА КВАЛИТЕТ

АЛФА Инжинеринг целосно е предадена и преокупирана со потребата од, целосна имплементација на највисоките стандарди за квалитет во изведбата на објектите и квалитет на инсталираните готови производи, како и на безбедноста и одговорноста во инфраструктурниот инжинеринг и сервис кој што го нудиме на нашите клиенти.

Ние сме безрезервно посветени на работата и работните задачи по следниве принципи:

СЕРВИСНИ СТАНДАРДИ

Алфа Инжинеринг изведува и испорачува производи и услуги кои ги исполнуваат или надминуваат барањата поставени од страна на нашите клиенти и соодветни регулаторни тела и институции со кои што имаме деловна соработка. Ние како компанија се обврзуваме да ги исполнуваме сите утврдени процедури, стандарди за квалитет, стандарди за работа и безбедност при работа како и сите останати прописи и законски регулативи, као и стандардите за кои што сме сертифицирани. Сертификати: ISO 9001:2008, ISO 14001:2004, Охсас 18001:2007

ПОСВЕТЕНОСТ НА КВАЛИТЕТОТ

Алфа Инжинеринг е постојано посветена и одговорна за квалитетот на својата работа, и при нашиот професионален пристап кон работата постојано ќе настапуваме со нашата целосна способност.

ПОСТОЈАНО ПОДОБРУВАЊЕ

Ние постојано се стремиме да го подобриме нашиот квалитет преку учење, споделување на знаењето, иновации и учество во програми за постојано подобрување. Наш стремеж е да ги мотивираме нашите вработени за постојано унапредување во своите работни задачи. За таа цел АЛФА Инжинеринг ќе воспостави и одржува соодветни контроли во работата и преглед на оствареноста на поставените стандарди на годишно ниво.